Новости

Коментари на клиенти

  • Професионален и квалитетен тим кој нуди одлична соработка и одличен квалитет на третманот.
  • Задоволна сум од целата едукација и стекнатите нови начини на размислување како и новите навики кои ги имам стекнато. Ми се допаѓа начинот на кој ми се презентираат работите а моја задача е нивна имплементација во секојдневието, да ги променам старите обрасци на однесување.
  • Задоволна сум од целокупниот третман во Еквилибриум. Ми помогна во сите сфери на моето живеење. Го сменив мојот став кон животот.
  • Висок професионализам, препознатливо ниво на стручност, елоквентност и создавање услови за отвореност.
  • Висока професионалност, организираност и посветеност на своите клиенти.
  • Јас сум презадоволна од мојот напредок, благодарение на Вашето работење. Сменета сум на подобро и немам проблеми какви што ги имав порано.

Добредојдовте

"Терапевтски центар кој работи за Вас од 2002 година, препознатлив по задоволни клиенти кои успешно ја постигнале посакуваната промена."

Видео Еквилибриум:

Спортска психологија

Најдобрите спортисти во светот се наоѓаат на врвот зошто имаат супериорна ментална игра. За таа цел оформивме програма специјално прилагодена за индивидуални и групни спортови која ги користи докажаните спортски психолошки стратегии за подобрување на спортската изведба без разлика дали сте на натпревар или обишен тренинг. За да се дојде до посакуваниот резултат потребно е:

Физички Тренинг + Психички Тренинг = Изведба →→ Цел (Успех)

Како вашата ментална игра ви пречи во спортот?

Намалена самодоверба, намален фокус, страв од грешка, непостојана изведба, вознемиреност во тек на изведба, недостаток на здив под притисок, намалена изведба под притисок, намалена мотивација, негативни мисли.

Како до подобра ментална игра без голем напор и брзина?

Во група или индивидуално потпомогнати од вашите спортски тренери ќе соработуваме како тим.

Ќе научите техники и методи на релаксација и изометричка мускулна релаксација, визуелизација, одржување на фокус (јакнење на концентрација), можност да се одржи емотивна контрола, зголемување на самодоверба, целна насоченост, автоматизам, однос кон тренер (родител), да се биде во „зона“, рационални и позитивни мисли, јакнење на кохезија.

Како и техники за надминување трема, дистракции, повреда, губење на здив, напор и криза. Спортисти уживајте во спортот без напор.

Научете го вашиот ум и тело да соработуваат како тим – еден во друг- ЗДРАВ УМ ВО СПОРТСКО ТЕЛО!

×

Како до подобри интерперсонални односи (бизнис, социјални, љубовни, политички...)? Преку комуникација, едноставно, нели? Но едноставниото одговор е некогаш толку тешко да се воспостави зошто не сме имале можност во животот некој да не научи како да комуницираме, што е различно од учење на говор и јазик.
• Можете успешно да водите голема бизнис компанија, а истовремено да не сте успешни во комуникацијата со својот партнер или семејство и обратно?
• Не знаете како да го наметнете Вашиот став и едноставно очекувате луѓето сами по себе да ве разберат?
• Дали премногу трошите време и енергија во објаснување и заморни состаноци?
• Дали вашиот тим не работи за вас?
• Дали се однесувате пасивно или агресивно?
• Дали знаете што да кажете, но незнаете како да го кажете или обратно?
• Како до подобар инспиративен и мотивационен говор?
• Колку вашиот говор на телото е усогласен со вербалната комуникација?
• Како до подобри лидерски вештини?
• Колку сте добри во донесување на одлуки?
• Можеби сте во потрага за развој и подобрување на севкупната ефективност на вашата организација, но не знаете како?
• Имате тим на кој што му треба дополнителна мотивација?
Добрата вест е дека решението лежи во комуникациските вештини кои се многу битни во сите интерперсонални односи.

×

ПРОГРАМА Грижа за вработените (Employee Assistance Program)

Со цел да ги превенира модерните менаџерски болести кои потекнуваат од низа фактори кој ја отежнуваат продуктивноста во работењето, Терапевтски центар Еквилибриум, Ви нуди индивидуален коучинг кој го водат психотератерапевти. Потребата од ваков тип на услуга е во врска со:

  • • справување со стресот на работно место
  • • превенција од burn оut
  • • раздвојување на лични и професионални проблеми
  • • совладување на техники за менаџирање на конфликт
  • • техники за подобрување на професионална комуникација
  • • подобрување на презентациски вештини, јавен говор (со иновативна техника Виртуелна реалност)
  • • стручни консултации за личен, бизнис и кариерен развој
  • • консултации и супервизирање на менаџерите

 

Наша стратегија е да понудиме високо продуктивни индивидуално адаптирани услуги кои ги опфаќаат сите клучни сегменти со кои се соочуваат денешните организации со цел поголем развој и профит преку грижа за вработените и организацијата.

Придобивки за вработените и менаџерите:

  • • професионална база за градење односи за полесно, поефикасно и со помалку стрес менаџирање со вработените
  • • подобра комуникација и мотивираност на вработените
  • • лесно препознавање на емоциите (сопствени и туѓи)
  • • успешно менаџирање на емоциите кога сте под стрес
  • • успешно менаџирање на конфликтни ситуации и способност за јасна комуникација
  • • релаксациони техники кои можат директно да се применуваат на работното место

 

Ви нудиме можност да покажете грижа за Вашите вработени, по промотивнa ценa:

10 сесии - 15.000 ден

Бројот на сесии го ограничува генералниот менаџер, а предност имаат вработените со најстресни професии, како и оние вработени кои имаат најголем обем на работа или најмногу дополнителни работни часови.

Направете избор, според вашите потреби!

×

Почитувани,

Би сакале да ве информираме дека Терапевтски центар ЕКВИЛИБРИУМ, од 01. 03. 2014 започнува со едукативен подготвителен курс за идни родители.

Поради се поголемата потреба од едукација на бремените жени кои се подготвуваат да станат мајки и психолошкиот притисок што го чувствуваат за време на бременоста, се јавува неопходност од едукативен курс кој ќе содржи специфично дизајнирана програма која ќе одговори на најчестите прашања и потреби на жените во тој период. Програмата вклучува појаснување на одредени прашања што се однесуваат на промените кои настануваат кај жената во тој период со акцент на психолошките промени. Курсот ќе го водат психотерапевти и гинеколог.

Учеството на овој курс ќе ви овозможи да си одговорите на најчестите дилеми како на пр:

  • • Како да постигнете релаксација за време на бременоста и породувањето?
  • • Како очекуваните физички, емоционални и социјални промени се манифестираат кај бремената жена?
  • • Каква е улогата на партнерот за време на бременоста и породувањето?
  • • Кои се најчести стравови за време на бременоста?
  • • Како емоциите влијаат на бремената жена?
  • • Прво, второ и трето родилно време.
  • • Постнатални промени и доење.
  • • Кои се очекувањата на новите родители? Одговорности и чувства кои се предизвикани од тие очекувања.

Темите се распределени во седум сесии, а секоја сесија е со динамика од еднаш неделно со времетраење од час и половина. Курсот е препорачлив за парови во кои бременоста е триесет недели.

Теориски концепти кои ќе се користат во работата со психотерапевтите се од област на развојна психологија, системска семејна терапија и трансакциска анализа.

Времетраење на курсот е два месеци, еднаш неделно, 1.5 час.

Цената по сесија е 600 ден.

Контакт тел:

02 322 92 77; 070 350 798

Ул  Димитрие Туцовиќ бр.39

Скопје

×

Аудио-визуелните техники се користат во подобрување на расположението, менталната состојба и енергетското ниво. Нашиот центар користи аудио-визуелен апарат - Mindworld SpectralVision SuperExclusive, кој е специјално конструран според најнова технологија да истовремено се комбинираат ритам, тон и музички ефект на звук со калеидоскопски ефект од светлосна стимулација да ве доведе до брза релаксација, медитација, сон, енергија.
• Светлосната стимулација се прави преку специјално дизајнирани наочари (SpectralVision Multi-Color20 glasses) кои испуштаат различни бои во зависност од ефектот кој што сакаме да го постигнеме,
• Звучната стимулација се прави преку музика од специјални музички ЦД користејќи Mindworld HoloSync headphones, cd player.
• Додека трае аудио-визуелната сесија клиентот го поставуваме во удобна полуседната или легната позиција во посебна амбиентална просторија за да го доживее својот посакуван ефект, а со тоа им се придружува на илјадници луѓе кои го направиле своето патување кон успехот.
Техника која ве носи до психички ефект без говорење!

Како научно работи Mindworld SpectralVision SuperExclusive ?

Овозможува на клиентите да ја подобрат заедничката работа на левата и десната хемисфера, која научно се вика синхронизација. Апаратот користи 100 различни програми кои ги стимулира 4 мозочни бранови (алфа, бета, тета и делта) во зависност од ефектот кој што сакаме да го постигнеме кај клиентот.

Како научно работи Mindworld SpectralVision SuperExclusive ?

Аудио визуелна стимулација (avs) со употреба на mindworld spectral vision технологија за состојбата на мозокот овозможува резултати различни од другите технологии. Табелата подолу подетално ги покажува дел од различностите... ИСКУСТВО НА КЛИЕНТИТЕ

Резултати

AVS Други
НЕНАПАДЕН ПРИСТАП ДА ?
ЛЕСНА ПРОЦЕДУРА ЗА УЧЕЊЕ (РЕЛАКСИРАЈ СЕ И ОСТАВИ ГО МОЗОКОТ САМ ДА РАБОТИ) ДА НЕ
ИНДИВИДУАЛНА КРЕИРАНА ТЕРАПИЈА ДА НЕ
ПРИЈАТНА СРЕДИНА ЗА РАБОТА СО ТЕРАПИЈА ДА ?
ИНТИМНОСТ ЗА СЕКОЈ КЛИЕНТ ДА ?
СТОЛ ЗА РЕЛАКСАЦИЈА ДА НЕ
НАОДИ ЗА СТАТУС НА КЛИЕНТИ ДА ?
ИНВОЛВИРАНИ СПЕЦИЈАЛНОСТИ НА СЕКОЈ СЛУЧАЈ ДА НЕ
КОНТИНУИРАНИ УСЛУГИ ДА НЕ
СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАТА ДА ?
ПРИВАТНОСТ НА СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ДА НЕ
ЗАВИСНО ОД ПСИХОТЕРАПИЈТА НЕ ДА
НАША ЦЕЛ: ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ЛУЃЕТО ДА ?

ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ
10+ ГОДИНИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ ДА ?
НАПРЕДУВАЊЕ ВО НЕВРОЛОШКАТА НАУКА ДА ДА
ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ТЕК ДА ?
КОМПЛЕМЕНТАРНОСТ НА РАЗЛИЧНИ МОДЕЛИ ДА ?
ВРВНИ СПЕЦИЈАНОСТИ ДА ДА
НОВИ МЕТОДИ ДА НЕ

РЕЗУЛТАТИ
ТОЧНОСТ ПРИ ДОБИВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИ ДА НЕ
ДОКАЖАНА ЕФИКАСНОСТ ДА ?
БЕЗ ПРОГРЕС (1-2 НЕДЕЛИ) ДА НЕ
РЕЗУЛТАТИ КОИ ТРААТ ДА ?
ФОКУСИРАНИ НА СИМПТОМИ НЕ ДА
ХОЛИСТИЧНИ ПРИСТАП ДА ?
УПРАВУВАЊЕ СПОРЕД ПОДАТОЦИ ДА НЕ
ЗАЈАКНУВАЊЕ ПОСЛЕ СЕСИЈА СО РЕЛАКСИРАЧКА АМБИЕНТАЛНА МУЗИКА ДА НЕ

ТЕХНОЛОГИЈА
ИНДИВИДУАЛНА ТЕРАПИЈА ЗА СЕКОЈ КЛИЕНТ ДА НЕ
ПРИСТАП "ЕДНА ГОЛЕМИНА ГИ СОБИРА СИТЕ" НЕ ДА
ДИНАМИЧЕН ПРОТОКОЛ ДА НЕ
УРАМНОТЕЖУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ДА НЕ
ОПТИМИЗАЦИЈА НА МОЗОЧНИТЕ БРАНОВИ ДА НЕ
ТЕХНОЛОШКО НАПРЕДУВАЊЕ ДА НЕ
ЦЕЛ - СОБИРАЊЕ ПОДАТОЦИ ONLINE ДА НЕ
СТАТИЧНИ БИНАРНИ ОТЧУКУВАЊА (ТАКТОВИ) НЕ ДА
УКАЖУВАЊЕ НА КЛИЕНТИТЕ КАКО САМИ ДА ВЛИЈААТ НА МОЗОЧНИТЕ БРАНОВИ (ОПЕРАНТНО УСЛОВУВАЊЕ) НЕ ДА
ПОМОШ НА МОЗОКОТ САМ ДА СЕ БАЛАНСИРА ДА НЕ
×

Виртуелната реалност терапија е ефективна тераписка интервенција која е специјално дизајнирана за подобрување на КБТ кај агорафобија, социјална фобија, ПТСД и специфични фобии. Во нашиот центар користиме виртуелни средини за надминување на страв од летање, висини, јавен говор, затворен и отворен простор, олуја. Исто така виртуелните средини за подобрување на вештини во склоп на интервју и физичка релаксација.

Докази за ефективноста на ВРТ

ја потврдува науката. ВРТ е ефективна терапија на изложување поради нејзината behaviour научна основа, базирана преку промена на нефункционално условување кое доведува до појава на нерационален страв кај индивидуата, во ново функционално условување преку презентација на реална безбедна информација. Нејзината јака страна е дирекно изложување на стресниот стимулус (како во реална ситуација) при што се намалува одбегнувањето, а со тоа и стравот.

Технологијата сама по себе не може да реши психички проблем. Но, таа е помошно средство во рацете на клиничарот во поддршка на клиентот.
Како изгледа типична ВРТ сесија?

Пред да навлезе клиентот во виртуелниот свет, се прави проценка на проблемот и се остваруваат најмалку 3 психотерапевтски сесии за припрема и стекнување на доверба. Потоа следи третманот со ставање на виртуелна маска преку која аудио и визуелно клиентот се пренесува во виртуелно реална ситуација која за него претставува проблем. Виртуелната средина е контролирана од страна на терапевтот и целосно прилагодена во однос на виртуелно изложување е 45 до 50 минути и се одржува во склоп на нашиот терапевтски простор.

×

Нашиот терапевтски центар се раководи во однос на научните докази кои потврдуваат дека и фармакотерапијата и психотерапијата си имаат свој значаен дел во бенефитот од третманот на психолошките проблеми.

Во причините за појава на психолошки проблеми се испреплетуваат биолошки, психолошки и социолошки фактори. Биолошките промени кои се појавуваат во тек на психичките нарушувања, ни укажуваат дека во тек на третманот потребно е да се вклучат лекарства кои му ја подобруваат симптоматологијата на клиентот. Во нашиот центар третманскиот избор го прави психијатарот потпомогнат од психодијагностиката на психологот. Секој клиент е различен и различно реагира на терапија, па затоа терапискиот избор се прави во зависност од стручната проценка на терапевтот во однос на клиентот и евалуацијата на третманот. Во таа смисла кај некои применуваме само психотерапија, кај други само фармакотерапија, а кај некои комбинација од двете што дава ефективен резултат. Лекарствата овозможуваат релативно побрзо олеснување од симптомите, а когнитивната бихејвиор психотерапија пак го учи клиентот на поефективни начини да ги реши животните проблеми

×
"Кога ќе почнете да ги откривате вашите скриени капацитети, ќе се изненадите од себеси и од сопствениот потенцијал."

Со психолошко советување им овозможуваме на голем број здрави личности кои се соочуваат со психолошки проблеми да го пронајдат вистинското решение.

На кои им е најчесто потребно?

Клиенти кои се наоѓаат во одредени животни препреки или кризи, како на пр. проблеми во партнерските и фамилијарните релации, проблеми помеѓу родители и деца, стрес на работно место, загуба на блиско лице, потешкотии во донесувања на клучни одлуки и сл.

Како се спроведува?

Во времетраење од 50 минути, преку процес на соработка и отвореност, клиентот со помош на стручното лице ќе го редефинира проблемот и ќе добие јасна насока како да се справи со своите емоции, доживувања и однесувања и да ги замени со реалистични, прифатливи кои се во склад со ситуацијата и условите во кој се наоѓа клиентот. Вклучува процес на идентификација на слабите и јаки страни на клиентот и јасно насочување за можните „стратегии„ во решавањето на проблемот. Во текот на советувањето, психологот ги користи своите знаења, вештини и искуства кои се по теорија на Трансакциска анализа и Когнитивна бихејвиор психотерапија кои на систематичен начин ќе му овозможат на клиентот да го разбере, реши и надмине својот емоционален проблем. Некогаш и само една сесија може да ги задоволи клиентовите потреби, но почесто потребни се повеќе стрикно фокусирани сесии на одреден временски период. Паровите кои имаат проблеми во партнерската релација имаат можност на сесии во пар за да подобро го разберат начинот на кој што комуницираат и како да реагираат соодветно на заедничките потреби и цели. Ако родителите имаат потешкотии со нивните деца, потребно е да се работи и на промени кај родителите, не само на децата. Клиентот ќе го почувствува ефектот на слобода и доверба да се обрати повторно кога ќе има потреба од професионален совет.

Придобивки од психолошкото советување:

• поголем увид во сопственото функционирање
• зајакнување на емотивните, мисловни и бихејвиорални капацитети
• справување со конфликтни и кризни ситуации
• подобрување на комуникациски и социјални вештини
• јакнење на самодовербата
• продуктивни релации со вашиот партнер
• функционални и креативни односи со вашето дете
• експресија на вашите чувства и потреби на соодветен начин
• психолошки раст и развој

×
Професионална ориентација

За да им се олесни патот во изградување на професионалниот идентитет на основците и средношколците, Терапевтски центар Еквилибриум нуди можност за стручно индивидуално и групно тестирање и советување за професионална ориентација на основци и средношколци кои имаат потреба од истото.


Професионална ориентација претставува тестирање преку кое ќе се детектираат способностите и потенцијалите во комбинација со интересите на ученикот. За да бидат учениците сигурни во изборот на средно училиште или факултет и проверат дали нивната желба е во склад со нивните потенцијали и интереси, Терапевтски центар Еквилибриум нуди можност за советување и тестирање, со што оние ученици кои се определени ќе можат да го потврдат изборот, а оние кои се неодлучни ќе се насочат адекватно кон професија во која би биле успешни.


×