• Пон-Пет 9.00-17.00 Ристо Шишков 39

За нас

За нас

ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

Приватна Здравствена Установа – Специјализиран психијатриски и невролошки центар ЕКВИЛИБРИУМ

ОСНОВАН: Во 2002 година, препознатлив по експертско спроведена психијатрија, Когнитив Бихејвиор психотерапија, нeврологија и менаџирање со човечки ресурси.

ЕФИКАСНА: Психодијагностика и невродијагностика и современ третман, когнитив бихејвиор психотерапија со иновативни методи со виртуелна реалност и аудио-визуелна стимулација.

РАЗУМ И ВИЗИЈА

Нашата приказна

ЕКВИЛИБРИУМ  е приватна ординација специjализирана за обезбедување на психијатриски и невролошки  услуги прилагодени за секој индивидуален пациент.

Веќе 16 година се грижиме за здравјето, добро препознатливи по експертско спроведена когнитивна бихејвиор психотерапија, како и иновативни научно докажани третмани како Виртуелна реалност терапија и аудио визуелна стимулација за кои сме единствени во регионот.

Се гордееме дека сме во можност да обезбедиме брза услуга и лесна пристапност со првокласна нега. Ние сакаме секој пациент да чувствува дека искусил персонализирано внимание во секој контакт со нашите  специјалисти  Др. Вера Јовановска-Типко  и  Др. Мерита Исмајљи-Марку во една релаксирачка атмосфера.

Нашата местоположба ни овозможува (правилно) да обезбедиме услуги за голема демографска област, а воедно да бидеме лесно пристапни – се наоѓаме во срцето на  Скопје, спроти фонтаната на Градскиот Парк.

Прегледите може да се закажуваат и online, без долгo чекање, со гарантирана конфиденционалност.

Наша примарна цел е да ви овозможиме правилна дијагностика и ефикасен научно докажан третман за вашите проблеми од областа на психијатријата и неврологијата.

Водени од верувањето во силината на потенцијалите на луѓето, превземаме проактивна општествена улога преку стручно информирање на јавноста и вклучување во проекти кои опфаќаат научно истражувачка дејност и едукација.

КОМЕНТАРИ НА НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ