Корпоративни услуги

Грижа за вработените

Инвестицијата во психофизичкото здравје на вашите вработени е основа за континуиран раст и развој на организацијата.

Прочитај повеќе
Проценка и анализа на тимот

Направете проценка и анализа на вашиот тим. Функционална компанија = Функционален тим.

Прочитај повеќе
Селекција на кадар

Намалете го ризикот при формирање на успешен тим.


Прочитај повеќе
Емотивна интелегенција

Не е доволна само стручна подготовка, потребно е нешто повеќе.


Прочитај повеќе
Специјализиран стрес менаџмент

Ослободете се од стресот на работното место и во секојдневното живеење.

Прочитај повеќе
Бизнис комуникациски техники

Комуникациските вештини се основа на програмите за тренинг на вработените.

Прочитај повеќе
Пакет успех

Пакет за мотивација е реализација на компаниските цели.

Прочитај повеќе
Политички пакет

Специјализиран комуникациски пакет за политика.

Прочитај повеќе

ПРОГРАМА Грижа за вработените (Employee Assistance Program)

Со цел да ги превенира модерните менаџерски болести кои потекнуваат од низа фактори кој ја отежнуваат продуктивноста во работењето, Терапевтски центар Еквилибриум, Ви нуди индивидуален коучинг кој го водат психотератерапевти. Потребата од ваков тип на услуга е во врска со:

 

Наша стратегија е да понудиме високо продуктивни индивидуално адаптирани услуги кои ги опфаќаат сите клучни сегменти со кои се соочуваат денешните организации со цел поголем развој и профит преку грижа за вработените и организацијата.

Придобивки за вработените и менаџерите:

 

Ви нудиме можност да покажете грижа за Вашите вработени, по промотивнa ценa:

10 сесии - 15.000 ден

Бројот на сесии го ограничува генералниот менаџер, а предност имаат вработените со најстресни професии, како и оние вработени кои имаат најголем обем на работа или најмногу дополнителни работни часови.

Направете избор, според вашите потреби!

×

Работните стилови влијаат на севкупното делување: начинот на кој ја организираме нашата работа, на управувањето со нашето време, на функционирањето во однос кон другите, на нашиот придонес во тимот, стилот на комуникација и др.

Направете проценка и анализа на вашиот тим за да секој вработен го дознае својот работен стил, а менаџерот го олесни управувањето со тимот; тимска ефикасност = организациска продуктивност!

Функционална компанија = функционален тим.

×

Изборот на соодветни кандидати кои ќе ги задоволат краткорочните и долгорочните потреби и барања на организацијата е процес кој е многу важен за секоја организација.

Доколку потребите и барањата за соодветното работно место во организацијата се совпаѓаат со потребите, аспирациите и желбите на кандидатот, тогаш станува збор за успешна селекција која подразбира задоволни вработени и ефикасно работење на компанијата.

За таа цел, селекцијата на кадар треба да е изведена професионално, поминувајќи низ неколку фази

Фази

• Интервју со пријавените кандидати
• Тестирање на специфични знаења и способности потребни за работното место, како и тестирања за утврдување на карактеристиките на личноста на кандидатот кои се од клучна важност за функционирање во организациски контекст
• Финално интервју каде ќе се направи конечниот избор на најсоодветниот кандидат за потребната работна позиција.

Компанија со вистински избор на вработени си обезбедува сигурен извор за развој на кохезија во тимот и меѓусебна доверба, работа во зона на врвни перформанси и ориентираност кон пораст на компанијата.

×

EQ ≠ IQ

Зошто некои луѓе едноставно се надарени да уживаат во животот, нé освојуваат на прв поглед, брзо испливуваат од прoблеми, а други тонат во нив?



Со Пакет EQ добивате способност за:

• Лесно препознавање на емоциите (сопствени и туѓи)
• Успешно менаџирање на емоциите кога сте под стрес
• Социјална свесност
• Успешно менаџирање на конфликтни ситуации и способност за јасна комуникација
• Мотивација – пронаоѓање на сопственото задоволство без надворешни стимулуси!

Бидете блиску до себе и до другите!

×

Ослободете се од стресот на работното место и во секојдневното живеење. Релаксациони техники кои со секојдневна примена доведуваат до психофизичка релаксација - помалку боледување, повеќе насмевки, поголема мотивираност за работа, поттикнување на креативноста, подобра концентрација, редукција на стрес.
Дизајниран во 3 нивоа Ви овозможува да научите техники кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, а можете да ги применувате секаде.

3 нивоа:

• Релакс во бизнисот - на релаксиран начин до подобри резултати (помалку боледување, повеќе насмевки, поголема мотивираност за работа, поттикнување на креативност, подобра концентрација, редукција на стрес, вознемиреност, депресија и други негативни емоции.
• Релакс во животот - релаксациски техники кои со секојдневна примена доведуваат до психофизичка релаксација и медицински ефект (техники на дишење, изометрична мускулна релаксација, визуелизација, откривање на слаби точки под притисок и сл).
• Mindful моменти - техника која овозможува потполна вклученост во моментот (набљудување на моментот без анализа и критика, отвореност кон сетилата со помалку негативни мисли). Претставува многу моќен момент за само-набљудување и поддршка во процесите на промена.
• Интерактивна работилница за стрес менаџмент во времетраење од 6 часа.

×

• Асертивен тренинг (јакнење на специфични комуникациски вештини со кои се зголемува самодовербата и одлучноста, поуспешуваат преговорите, се подобрува решавањето на проблемите). Во водечките светски компании се наоѓа во основната програма за тренинг на вработените.
• Јакнење лидерски вештини
• Комуникациски вештини за справување со конфликт
• Временска организација

×

• Пакет успех
Пакет за Мотивација до реализација на компаниските цели

Клик за инфо ×

• Политички успех
Специјализиран бизнис комуникациските техники во политиката менаџмент пакет

Клик за инфо ×