• Пон-Пет 9.00-17.00 Ристо Шишков 39

Аудио-Визуелна Терапија

Аудио-Визуелна стимулација се спроведува преку посебен апарат Mindworld SpectralVision SuperExclusive кој се користи како интервенција за третман на несоница, депресија, анксиозност, главоболка, АДХД, како и рехабилитација после мозочни удари специјализирани на комбинација на светлосна стимулација и ритам, тон и музички ефект на звук.  Светлосната стимулација се прави преку специјално дизајнирани наочари (SpectralVision Multi-Color20 glasses) кои емитуваат различни бои, а звучната стимулација се постигнува преку музика од специјални музички ЦД –а користејќи Mindworld HoloSync headphones.  Овозможува клиентите да ја синхронизираат левата и десната хемисфера. Апаратот користи 100 различни програми кои ги стимулираат 4-те мозочни бранови (алфа, бета, тета и делта) во зависност од ефектот кој што треба да се постигне кај клиентот. Додека трае аудио-визуелната сесија клиентот го поставуваме во удобна полуседечка или лежечка позиција во посебна амбиентална просторија за да го доживее својот посакуван ефект. Третман кој ве носи до психички ефект без говорење!