• Пон-Пет 9.00-17.00 Ристо Шишков 39

Виртуелна Реалност Терапија

Виртуелна Реалност Терапија (ВРТ) е иновативна и ефективна научно базирана тераписка интервенција која во комбинација со КБТ се користи за брзо и успешно справување со специфични фобии (страв од летање, животни, висина, отворен и затворен простор и др.), како и социјална фобија и анксиозност. Ефектот е намалување на нерационалниот страв и одбегнувачкото однесување преку директно изложување со стресниот стимулус (посебни виртуелни средини) при што доживувањето е како во реална средина.