• Пон-Пет 9.00-17.00 Ристо Шишков 39

Психолошки тренинг на спортисти

ЗДРАВ УМ ВО СПОРТСКО ТЕЛО!

Најдобрите спортисти во светот се наоѓаат на врвот зошто имаат супериорна ментална игра. За таа цел оформивме програма специјално прилагодена за индивидуални и групни спортови која ги користи докажаните спортски психолошки стратегии за подобрување на спортската изведба без разлика дали сте на натпревар или тренинг. За да се дојде до посакуваниот резултат потребно е:

Физички Тренинг + Психички Тренинг = Изведба → Цел (Успех)

 

Како вашата ментална игра ви пречи во спортот?

Намалена самодоверба и фокус, страв од грешка, непостојана изведба, вознемиреност во тек на изведба, недостаток на здив под притисок, намалена изведба под притисок, намалена мотивација, негативни мисли.

Како до подобра ментална игра без голем напор и брзина?

Во група или индивидуално, потпомогнати од вашите спортски тренери соработуваме како тим. Учите техники и методи за релаксација и изометричка мускулна релаксација, визуелизација, одржување на фокус и концентрација, зголемување на самодоверба, целна насоченост, автоматизам, однос кон тренер (родител), да се биде во „зона“, рационални и позитивни мисли, јакнење на кохезија, како и надминување на трема, дистракции, повреда, губење на здив, напор и криза.