За нас

Equilibrium strip1 Equilibrium strip2 Equilibrium strip3 Equilibrium strip4 Equilibrium strip5 Equilibrium strip6 Equilibrium strip7 Equilibrium strip8
Equilibrium strip11 Equilibrium strip22 Equilibrium strip33 Equilibrium strip44 Equilibrium strip55 Equilibrium strip66 Equilibrium strip77 Equilibrium strip88

Терапевтски центар Еквилибриум

Наша цел

"Да ви овозможиме брзо, ефикасно, научно докажано решение за вашите психолошки проблеми."

Прочитај повеќе

Д-р М-р Вера Јовановска Типко


Генерален менаџер и основач на Терапевтски центар Еквилибриум, психијатар, когнитив бихејвиор психотерапевт, судски вештак по психијатрија .

Прочитај повеќе

Д-р Ирена Стојевска Ќулафковска


Спец. Психијатар, когнитивно-бихејвиорален психотерапевски советник.

Прочитај повеќе

Искра Серафимова


Деловен Асистент.

Прочитај повеќе
Терапевтски центар Equilibrium - разум и визија


ОСНОВАН: Во 2002 година, препознатлив по експертско спроведена Когнитив Бихејвиор психотерапија

МОТО: Психичкото здравје - приоритет за секој

ОСНОВНИ ДЕЈНОСТИ: Психотерапија, Фармакотерапија, Советување, Корпоративна психологија и менаџирање со човечки ресурси, Психолошки трениг на спортисти

МЕТОДОЛОГИЈА: Решавање на психолошките проблеми преку процес на:

Ефективен, научно докажан терапевтски пристап:

• Психодијагностика, соодветно избрана според индивидуата
• Когнитив Бихејвиор Психотерапија во комбинација со фармакотерапија (зависно од типот на проблемот),
• Психотерапевтски правец - Трансакциска анализа
• Стручно советување

Единствени во:

• Виртуелна реалност терапија за побрз и поефективен третман во решавање на специфични фобии (страв од летање, социјална фобија, страв од висина...), како и јакнење на комуникациски и презентациски вештини. Еквилибриум е клинички партнер со Virtually Better Company, Atlanta, USA.
• Аудио Визуелна Стимулација на електромагнетни бранови на мозокот преку MindWorld Spectral Vision Super Exclusive апарат. Брза релаксација, подобрување на расположението и сонот, јакнење на умствените капаците преку светлосни и звучни стимулации кои ја синхронизираат левата и десната мозочна хемисфера.

Други специјализирани услуги:

• Корпоративни услуги за компании од најразлични области, во делот на менаџирање со човечки ресурси и специјализирани, практично применливи корпоративни обуки. Се раководиме според приоритетните потреби на компаниите за да создадеме здрава стратегија на развој, намален стрес, зголемена мотивација и успех.
• Психолошки тренинг на спортисти преку кој спортистите учат психолошки стратегии за зајакнување на спортската изведба и личен развој.
• Интерактивни стручни работилници/едукации/семинари преку кои создаваме стручен кадар и градиме професионална мрежа на наши и интернационални соработки.
Работиме да ја зголемиме информираноста и едукацијата за грижата за психичкото здравје. Сакаме да ги разбиеме табуата кои сеуште постојат во нашата земја со мотото дека психичкиот проблем не е “лудост”, тоа е можност секој да се спознае подлабоко себеси, да се промени и да се издигне преку спознавање на вистинските вредности и потенцијали.

Наши вредности

• Интегритет и чесност. Сите наши активности се водени од етика, почит и права на личноста, заштита на податоци и строга доверливост, квалитет, достапност.
• Професионалност. Нашиот тим се состои од лиценцирани стручни лица во својата област, со изградени специфични вештини преку сопствен личен развој и наобразба. Применуваме научно докажани методи и техники, учествуваме во научно истражувачка дејност, ги следиме најновите трендови во медицината, психотерапијата, корпоративната и спортска психологија, а се придржуваме по алгоритмите и насоките кои ги даваат надлежните квалификувани институции. Доколку не можеме да ви понудиме соодветна стручна помош, ќе ви дадеме информација каде на друго место да ја побарате.
• Страст и иновации. Водени од постојана желба, верба и работа на себе, веруваме во силината на потенцијалите на луѓето. Преку процес на истражување и учење, предизвик и промена обезбедуваме иновативни психолошки и бизнис решенија.
• Општествена одговорност. Иницираме и превземаме активна улога во општеството делувајќи преку унапредување на личниот потенцијал, кој се рефлектира на сите полиња. Го подобруваме квалитетот на стилот на живот, стручно информираме, го унапредуваме здравјето кај децата и возрасните, ја зголемуваме продуктивност во бизнис секторот, создаваме национални спортски резултати.

×

Д-р М-р Вера Јовановска Типко

vera@equilibriumvera.com

Генерален менаџер и основач на Терапевтски центар Еквилибриум, психијатар, когнитив бихејвиор психотерапевт, судски вештак по психијатрија
Пишувањето за себе е нешто што и те како ме потсетува за нештата кои со голем труд, истрајност и многу, многу љубов ги посветив на мојот професионален и личен развој за да можам со сигурност да верувам дека и другите можат да постигнат промени кај себе, па и колку да изгледаат неостварливи.

Професионален заклучок

• Моето 13 годишно работно искуство како когнитив-бихејвиор психотерапевт и 6 годишно работно искуство како психијатар вклучува специфична експертиза на комбиниран когнитив бихејвиорален психотерапевтски и фармаколошки пристап во ефикасно решавање на депресија, панични атаки, социјална анксиозност, специфични фобии, соматоформни растројства (хипохондрија), опсесивно-компулсивно растројство, нарушувања во исхраната (анорексија, булимија), сексуални дисфункции и др.
• Во тек на професионалниот развој, воведов иновации кои за првпат се среќаваат во нашата земја, а се во доменот на веќе научно докажани современи терапевтски интервенции. Тоа се Виртуелна реалност терапија за брзо и ефикасно справување со специфични фобии (страв од летање, јавен говор, висина, затворен простор и др.) и јакнење на комуникациски вештини, како и Аудио визуелна дирекна стимулација на електромагнетни мозочни бранови со помош на Mind World Super Exclusive апаратура која овозможува побрза релаксација, подобрување на расположението, справување со несоница, како и јакнење на фокус, концентрација и учење, синхронизација на лева и десна мозочна хемисфера.
• Области со специфична корпоративна експертиза -стрес менаџмент, асертивен тренинг на комуникација и преговарање, емотивна интелегенција за јакнење на мотивација и лидерство, решавање на конфликт, како и јакнење на специфични индивидуални лидерски вештини.
• Имплементација на индивидуална и групна стручна програма на психолошки тренинг на спортисти.
• Едукатор и ментор на специјализирана обука на стручен кадар во когнитив-бихејвиор психотерапија
• Покрај тоа што ги задоволив повеќето научни и практични стандарди на мојата професија и понатаму сум активно посветена на континуирано стручно усовршување. Размената на професионално искуство ја правам преку држење на обуки и научно истражувачка работа во земјата и странство.
Интернационален координатор на Асоцијацијата за Когнитивна-бијејвиор Психотерапија во Р. Македонија
Интернационален координатор на Македонската Асоцијација за Психотерапија
Активен член на научниот одбор во Европската Асоцијација за когнитивна-бихејвиор психотерапија

Образование

Акредитација од Британската Асоцијација за Когнитивна Бихејвиор Психотерапија (BABCT) за едукатор и супервизор
Специјализација по психијатрија, Универзитет Св. Кириј и Методиј, Медицински факултет
Магистер и субспец. по когнитив-бихејвиор психотерапија, University of Dundee, Scotland, UK (Chevening scholarship)
Доктор на медицина, Универзитет Св. Кириј и Методиј, Медицински факултет

×

Марија Стефанова,

Психолог, психотерапевт, тренер по асертивна комуникација, специјализант по Менаџмент на човечки ресурси

Мојата долгогодишна едукација од областа на психотерапискиот и комуниколошки правец, Трансакциска анализа за мене како психолог ми овозможи добра основа за развивање на применливи методи и техники во повеќе сфери на мојот професионален интерес.
Искуството стекнато преку работење во медицински установи при секојдневниот контакт со клиенти ми помогна да се специјализирам во сферата на:

• психотерапија со деца, адолесценти, возрасни
• психодијагностика

Работењето со средношколците од повеќе средни училишта ми овозможи непроценливо искуство во професионалната ориентација, која е од огромна важност за младите луѓе кои почнуваат да го градат професионалниот идентитет.
Исто така, преку искуството стекнато при селекција на кадар, работа во тимови и нивна анализа, понатаму водење на обуки од разни области: комуникација, асертивен тренинг, разрешување на конфликти, емоционална интелигенција во деловно работење, одредување на работни стилови итн., каде преку одредени комуникациски техники и методи се разработуваат одредени практични концепти, ја изгради мојата специјализираност како психолог во областа на корпоративната психологија.

×

Д-р. Ирена Стојевска Ќулафковска,

irenastojevska@equilibriumvera.com

Спец. Психијатар, когнитивно-бихејвиорален психотерапевски советник.

Мојата долгогодишна едукација од областа на психијатријата и когнитивно-бихејвиоралната психотерапија, како и големата посветеност во професионалниот и личен развој ми овозможи да се стекнам со применливи знаења и техники кои ги користам во секојдневната работата преку:


• специфичен и комбиниран, когнитивно бихејвиорален и фармаколошки пристап за ефикасен третман кај депресија, панични напади, социјална анксиозност, специфични фобии, соматоформни растројства, опсесивно-компулсивно растројство, нарушувања во исхраната, сексуални дисфункции и др.
• директно изложување и водење на клиентот во виртуелна реалност терапија, која е имплементирана и единствена во регионот во нашиот терапевски центар, како најбрз и ефикасен третман за справување со специфични фобии (страв од летање, јавен говор, висина, затворен простор и др.) и надминување на социјална анксиозност.

• тренинг во областа на асертивност, јакнење на комуникациски вештини и јавен говор.

• континуирано стручно усовршување, кое опфаќа посета на обуки и размена на искуство во земјата и странство.

×