Терапевтски услуги

Психотерапија

Решение на проблемите започнува со прифакање на проблемот и барање на стручна помош. Ќе ви помогнеме во решавање на проблемот со КВТ и ТА.



Прочитај повеќе
Советување

Со психолошко советување им овозможуваме на голем број здрави личности кои се соочуваат со психолошки проблеми да го пронајдат вистинското решение


Прочитај повеќе
Фармакотерапија

Нашиот терапевтски центар се раководи во однос на научните докази кои потврдуваат дека фармакотерапијата и психотерапијата имаат свој значаен дел во бенефитите од третманот на психолошките проблеми.

Прочитај повеќе
Виртуелна Реалност

Ефективна тераписка интервенција која е специјализирана за подобрување на КВТ агорафобија, социјална фобија ПСТД и специфични фобии.

Прочитај повеќе
Аудио-Визуелна стимулација

Аудио визуелната техника се користи за подобрување на расположението, менталната состојба и енергетското ниво.


Прочитај повеќе
Комуникациски вештини

Како да подобриме интерперсонални односи (бизнис, социјални, љубовни...?). Едноставно преку комуникација


Прочитај повеќе

Како до подобри интерперсонални односи (бизнис, социјални, љубовни, политички...)? Преку комуникација, едноставно, нели? Но едноставниото одговор е некогаш толку тешко да се воспостави зошто не сме имале можност во животот некој да не научи како да комуницираме, што е различно од учење на говор и јазик.
• Можете успешно да водите голема бизнис компанија, а истовремено да не сте успешни во комуникацијата со својот партнер или семејство и обратно?
• Не знаете како да го наметнете Вашиот став и едноставно очекувате луѓето сами по себе да ве разберат?
• Дали премногу трошите време и енергија во објаснување и заморни состаноци?
• Дали вашиот тим не работи за вас?
• Дали се однесувате пасивно или агресивно?
• Дали знаете што да кажете, но незнаете како да го кажете или обратно?
• Како до подобар инспиративен и мотивационен говор?
• Колку вашиот говор на телото е усогласен со вербалната комуникација?
• Како до подобри лидерски вештини?
• Колку сте добри во донесување на одлуки?
• Можеби сте во потрага за развој и подобрување на севкупната ефективност на вашата организација, но не знаете како?
• Имате тим на кој што му треба дополнителна мотивација?
Добрата вест е дека решението лежи во комуникациските вештини кои се многу битни во сите интерперсонални односи.

×

Аудио-визуелните техники се користат во подобрување на расположението, менталната состојба и енергетското ниво. Нашиот центар користи аудио-визуелен апарат - Mindworld SpectralVision SuperExclusive, кој е специјално конструран според најнова технологија да истовремено се комбинираат ритам, тон и музички ефект на звук со калеидоскопски ефект од светлосна стимулација да ве доведе до брза релаксација, медитација, сон, енергија.
• Светлосната стимулација се прави преку специјално дизајнирани наочари (SpectralVision Multi-Color20 glasses) кои испуштаат различни бои во зависност од ефектот кој што сакаме да го постигнеме,
• Звучната стимулација се прави преку музика од специјални музички ЦД користејќи Mindworld HoloSync headphones, cd player.
• Додека трае аудио-визуелната сесија клиентот го поставуваме во удобна полуседната или легната позиција во посебна амбиентална просторија за да го доживее својот посакуван ефект, а со тоа им се придружува на илјадници луѓе кои го направиле своето патување кон успехот.
Техника која ве носи до психички ефект без говорење!

Како научно работи Mindworld SpectralVision SuperExclusive ?

Овозможува на клиентите да ја подобрат заедничката работа на левата и десната хемисфера, која научно се вика синхронизација. Апаратот користи 100 различни програми кои ги стимулира 4 мозочни бранови (алфа, бета, тета и делта) во зависност од ефектот кој што сакаме да го постигнеме кај клиентот.

Како научно работи Mindworld SpectralVision SuperExclusive ?

Аудио визуелна стимулација (avs) со употреба на mindworld spectral vision технологија за состојбата на мозокот овозможува резултати различни од другите технологии. Табелата подолу подетално ги покажува дел од различностите... ИСКУСТВО НА КЛИЕНТИТЕ

Резултати

AVS Други
НЕНАПАДЕН ПРИСТАП ДА ?
ЛЕСНА ПРОЦЕДУРА ЗА УЧЕЊЕ (РЕЛАКСИРАЈ СЕ И ОСТАВИ ГО МОЗОКОТ САМ ДА РАБОТИ) ДА НЕ
ИНДИВИДУАЛНА КРЕИРАНА ТЕРАПИЈА ДА НЕ
ПРИЈАТНА СРЕДИНА ЗА РАБОТА СО ТЕРАПИЈА ДА ?
ИНТИМНОСТ ЗА СЕКОЈ КЛИЕНТ ДА ?
СТОЛ ЗА РЕЛАКСАЦИЈА ДА НЕ
НАОДИ ЗА СТАТУС НА КЛИЕНТИ ДА ?
ИНВОЛВИРАНИ СПЕЦИЈАЛНОСТИ НА СЕКОЈ СЛУЧАЈ ДА НЕ
КОНТИНУИРАНИ УСЛУГИ ДА НЕ
СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБАТА ДА ?
ПРИВАТНОСТ НА СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ДА НЕ
ЗАВИСНО ОД ПСИХОТЕРАПИЈТА НЕ ДА
НАША ЦЕЛ: ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ЛУЃЕТО ДА ?

ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ
10+ ГОДИНИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ ДА ?
НАПРЕДУВАЊЕ ВО НЕВРОЛОШКАТА НАУКА ДА ДА
ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ТЕК ДА ?
КОМПЛЕМЕНТАРНОСТ НА РАЗЛИЧНИ МОДЕЛИ ДА ?
ВРВНИ СПЕЦИЈАНОСТИ ДА ДА
НОВИ МЕТОДИ ДА НЕ

РЕЗУЛТАТИ
ТОЧНОСТ ПРИ ДОБИВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИ ДА НЕ
ДОКАЖАНА ЕФИКАСНОСТ ДА ?
БЕЗ ПРОГРЕС (1-2 НЕДЕЛИ) ДА НЕ
РЕЗУЛТАТИ КОИ ТРААТ ДА ?
ФОКУСИРАНИ НА СИМПТОМИ НЕ ДА
ХОЛИСТИЧНИ ПРИСТАП ДА ?
УПРАВУВАЊЕ СПОРЕД ПОДАТОЦИ ДА НЕ
ЗАЈАКНУВАЊЕ ПОСЛЕ СЕСИЈА СО РЕЛАКСИРАЧКА АМБИЕНТАЛНА МУЗИКА ДА НЕ

ТЕХНОЛОГИЈА
ИНДИВИДУАЛНА ТЕРАПИЈА ЗА СЕКОЈ КЛИЕНТ ДА НЕ
ПРИСТАП "ЕДНА ГОЛЕМИНА ГИ СОБИРА СИТЕ" НЕ ДА
ДИНАМИЧЕН ПРОТОКОЛ ДА НЕ
УРАМНОТЕЖУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ДА НЕ
ОПТИМИЗАЦИЈА НА МОЗОЧНИТЕ БРАНОВИ ДА НЕ
ТЕХНОЛОШКО НАПРЕДУВАЊЕ ДА НЕ
ЦЕЛ - СОБИРАЊЕ ПОДАТОЦИ ONLINE ДА НЕ
СТАТИЧНИ БИНАРНИ ОТЧУКУВАЊА (ТАКТОВИ) НЕ ДА
УКАЖУВАЊЕ НА КЛИЕНТИТЕ КАКО САМИ ДА ВЛИЈААТ НА МОЗОЧНИТЕ БРАНОВИ (ОПЕРАНТНО УСЛОВУВАЊЕ) НЕ ДА
ПОМОШ НА МОЗОКОТ САМ ДА СЕ БАЛАНСИРА ДА НЕ
×

Виртуелната реалност терапија е ефективна тераписка интервенција која е специјално дизајнирана за подобрување на КБТ кај агорафобија, социјална фобија, ПТСД и специфични фобии. Во нашиот центар користиме виртуелни средини за надминување на страв од летање, висини, јавен говор, затворен и отворен простор, олуја. Исто така виртуелните средини за подобрување на вештини во склоп на интервју и физичка релаксација.

Докази за ефективноста на ВРТ

ја потврдува науката. ВРТ е ефективна терапија на изложување поради нејзината behaviour научна основа, базирана преку промена на нефункционално условување кое доведува до појава на нерационален страв кај индивидуата, во ново функционално условување преку презентација на реална безбедна информација. Нејзината јака страна е дирекно изложување на стресниот стимулус (како во реална ситуација) при што се намалува одбегнувањето, а со тоа и стравот.

Технологијата сама по себе не може да реши психички проблем. Но, таа е помошно средство во рацете на клиничарот во поддршка на клиентот.
Како изгледа типична ВРТ сесија?

Пред да навлезе клиентот во виртуелниот свет, се прави проценка на проблемот и се остваруваат најмалку 3 психотерапевтски сесии за припрема и стекнување на доверба. Потоа следи третманот со ставање на виртуелна маска преку која аудио и визуелно клиентот се пренесува во виртуелно реална ситуација која за него претставува проблем. Виртуелната средина е контролирана од страна на терапевтот и целосно прилагодена во однос на виртуелно изложување е 45 до 50 минути и се одржува во склоп на нашиот терапевтски простор.

×

Нашиот терапевтски центар се раководи во однос на научните докази кои потврдуваат дека и фармакотерапијата и психотерапијата си имаат свој значаен дел во бенефитот од третманот на психолошките проблеми.

Во причините за појава на психолошки проблеми се испреплетуваат биолошки, психолошки и социолошки фактори. Биолошките промени кои се појавуваат во тек на психичките нарушувања, ни укажуваат дека во тек на третманот потребно е да се вклучат лекарства кои му ја подобруваат симптоматологијата на клиентот. Во нашиот центар третманскиот избор го прави психијатарот потпомогнат од психодијагностиката на психологот. Секој клиент е различен и различно реагира на терапија, па затоа терапискиот избор се прави во зависност од стручната проценка на терапевтот во однос на клиентот и евалуацијата на третманот. Во таа смисла кај некои применуваме само психотерапија, кај други само фармакотерапија, а кај некои комбинација од двете што дава ефективен резултат. Лекарствата овозможуваат релативно побрзо олеснување од симптомите, а когнитивната бихејвиор психотерапија пак го учи клиентот на поефективни начини да ги реши животните проблеми

×
"Кога ќе почнете да ги откривате вашите скриени капацитети, ќе се изненадите од себеси и од сопствениот потенцијал."

Со психолошко советување им овозможуваме на голем број здрави личности кои се соочуваат со психолошки проблеми да го пронајдат вистинското решение.

На кои им е најчесто потребно?

Клиенти кои се наоѓаат во одредени животни препреки или кризи, како на пр. проблеми во партнерските и фамилијарните релации, проблеми помеѓу родители и деца, стрес на работно место, загуба на блиско лице, потешкотии во донесувања на клучни одлуки и сл.

Како се спроведува?

Во времетраење од 50 минути, преку процес на соработка и отвореност, клиентот со помош на стручното лице ќе го редефинира проблемот и ќе добие јасна насока како да се справи со своите емоции, доживувања и однесувања и да ги замени со реалистични, прифатливи кои се во склад со ситуацијата и условите во кој се наоѓа клиентот. Вклучува процес на идентификација на слабите и јаки страни на клиентот и јасно насочување за можните „стратегии„ во решавањето на проблемот. Во текот на советувањето, психологот ги користи своите знаења, вештини и искуства кои се по теорија на Трансакциска анализа и Когнитивна бихејвиор психотерапија кои на систематичен начин ќе му овозможат на клиентот да го разбере, реши и надмине својот емоционален проблем. Некогаш и само една сесија може да ги задоволи клиентовите потреби, но почесто потребни се повеќе стрикно фокусирани сесии на одреден временски период. Паровите кои имаат проблеми во партнерската релација имаат можност на сесии во пар за да подобро го разберат начинот на кој што комуницираат и како да реагираат соодветно на заедничките потреби и цели. Ако родителите имаат потешкотии со нивните деца, потребно е да се работи и на промени кај родителите, не само на децата. Клиентот ќе го почувствува ефектот на слобода и доверба да се обрати повторно кога ќе има потреба од професионален совет.

Придобивки од психолошкото советување:

• поголем увид во сопственото функционирање
• зајакнување на емотивните, мисловни и бихејвиорални капацитети
• справување со конфликтни и кризни ситуации
• подобрување на комуникациски и социјални вештини
• јакнење на самодовербата
• продуктивни релации со вашиот партнер
• функционални и креативни односи со вашето дете
• експресија на вашите чувства и потреби на соодветен начин
• психолошки раст и развој

×
Како да најдам излез од мојот психолошки проблем?

Најчесто поставувано прашање на нашите клиенти кога неможат да најдат решение на своите проблеми. Одговорот на тоа прашање започнува со прифаќање на проблем и барање на стручна помош.
Психотерапијата е третман преку кој се постигнува решавање на проблеми од психолошко потекло, преку терапевтска интереакција помеѓу стручното лице- психотерапевт и клиент, пациент, фамилија, пар или група. Целокупниот процес вклучува конфиденционалност.
Во тек на психотерапијата ќе научите стручни техники, методи и вештини за да се справите со конкретен психолошки проблем, како да ги промените вашите слабости, како да ги зајакнете вашите потенцијали со што би постигнале поголема контрола на вашите мисли, однесувања и емоции.
Во нашиот центар работат двајца квалификувани психотерапевти кои ќе ви помогнат да ги решите вашите проблеми користејки когнитив бихејвиор психотерапија и трансакциона анализа.

Што е КБТ?

„Не е ситуацијата која не прави така да се чувствуваме туку нашиот поглед и значењето кое ние и го придаваме“.
Когнитивна-бихејвиор психотерапија (скратено КБТ, анг. Cognitive Behavioral Therapy) е научно базирана психотерапија заснована на принципот како луѓето размислуваат (когнитив) и се однесуваат (бихејвиор) е резултат на процес на учење. Па затоа луѓето тоа што погрешно го научиле во минатото, може повторно да се обидат правилно да го научат со помош на стручен психотерпевт кои ги учи специфични КБТ техники и методи за да се чувствуваат посреќно. Тоа значи дека КБТ овозможува да се чувствуваме подобро преку промена на начинот на кој што размислуваме и се однесуваме, иако ситуацијата не се променила.


Опис

• Когнитивната терапија (анг. cognition- мисла, сознавање) има за цел да ги идентификува негативните (нерационалните) мисли кои се јавуваат во одредена ситуација кај клиентот и му предизвикуваат непријатни емоции, а воедно ги предизвикува и ги менува преку користење на специфични мисловни техники и методи.
• Бихејвиоралната терапија (анг. behaviour-однесување) има за цел преку техники и методи да го идентификува и промени некорисното однесување кое се јавува како резултат на научен одговор на стимулусите и последиците од одредена ситуација.


Примена

Во нашиот терапевтски центар работиме со голем број на психолошки проблеми:
• Депресија
• Вознемиреност и панични напади
• Сите видови фобии (страв од затворен, отворен простор, висина, игла, инсекти, животни...)
• Генерализирана анксиозност
• Социјална анксиозност, срам
• Опсесивно компулсивно растројство
• Соматоформни растројства (хипохондрија, дисморфофобија..)
• Пост-трауматско стрес растројство
• Нарушувања во исхраната (анорексија, булимија)
• Сексуални дисфункции
• Несоница
• Брачни проблеми
• Намалена самодоверба
• Хроничен замор
• Проблеми во детска возраст (тикови, сепарациона анксиозност)
Отворени сме за сите на кои што им е потребна помош и не дискриминираме по пол, етничка припадност, сексуална ориентација и поглед.
*најмногу корист од терапијата имаат оние кои се мотивирани, психолошки свесни и кои што прифаќаат дека имаат потешкотија. Тие се среќни што превземаат одговорност за себе и го гледаат резултатот, наспроти оние кои прикриваат и се срамат да кажат.

×