• Пон-Пет 9.00-17.00 Ристо Шишков 39
              

За нас

За нас

ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

Приватна Здравствена Установа – Специјализиран психијатриски и психотерапевтски центар ЕКВИЛИБРИУМ

ОСНОВАН: Во 2002 година, препознатлив по експертско спроведена психијатрија, Когнитив Бихејвиор психотерапија, виртуелна реалност терапија, аудио-визуелна стимулација, независна психијатриска евалуација и менаџирање со човечки ресурси.

ЕФИКАСНА: Психодијагностика и современ третман, когнитив бихејвиор психотерапија со иновативни методи со виртуелна реалност и аудио-визуелна стимулација.

РАЗУМ И ВИЗИЈА

Нашата приказна

ЕКВИЛИБРИУМ  е приватна ординација специjализирана за обезбедување на психијатриски услуги, прилагодени за секој индивидуален пациент.

Веќе 20 години се грижиме за здравјето, добро препознатливи по експертско спроведена когнитивна бихејвиор психотерапија, како и иновативни научно докажани третмани како Виртуелна реалност терапија и аудио визуелна стимулација за кои сме единствени во регионот.

Се гордееме дека сме во можност да обезбедиме брза услуга и лесна пристапност со првокласна нега. Сакаме секој пациент да чуствува персонализирано внимание и професионален третман во релаксирана атмосфера.

Нашата местоположба ни овозможува да обезбедиме услуги за голема демографска област, а воедно да бидеме лесно пристапни – се наоѓаме во срцето на  Скопје, спроти фонтаната на Градскиот Парк.

Прегледите може да се закажуваат и online, без долгo чекање, со гарантирана конфиденционалност.

Наша примарна цел е да ви овозможиме правилна дијагностика и ефикасен научно докажан третман за вашите проблеми од областа на психијатријата.

Водени од верувањето во силината на потенцијалите на луѓето, превземаме проактивна општествена улога преку стручно информирање на јавноста и вклучување во проекти кои опфаќаат научно истражувачка дејност и едукација.

КОМЕНТАРИ НА НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ