• Пон-Пет 9.00-17.00 Ристо Шишков 39
              

Д-р М-р Вера Јовановска-Типко

Генерален менаџер и основач

Генерален менаџер и основач на Терапевтски центар Еквилибриум, психијатар, когнитив бихејвиор психотерапевт, судски вештак по психијатрија
Пишувањето за себе е нешто што и те како ме потсетува за нештата кои со голем труд, истрајност и многу, многу љубов ги посветив на мојот професионален и личен развој за да можам со сигурност да верувам дека и другите можат да постигнат промени кај себе, па и колку да изгледаат неостварливи.

Професионален заклучок

• Моето 16 годишно работно искуство како когнитив-бихејвиор психотерапевт и 12 годишно работно искуство како психијатар вклучува специфична експертиза на комбиниран когнитив бихејвиорален психотерапевтски и фармаколошки пристап во ефикасно решавање на депресија, панични атаки, социјална анксиозност, специфични фобии, соматоформни растројства (хипохондрија), опсесивно-компулсивно растројство, нарушувања во исхраната (анорексија, булимија), сексуални дисфункции и др.
• Во тек на професионалниот развој, воведов иновации кои за првпат се среќаваат во нашата земја, а се во доменот на веќе научно докажани современи терапевтски интервенции. Тоа се Виртуелна реалност терапија за брзо и ефикасно справување со специфични фобии (страв од летање, јавен говор, висина, затворен простор и др.) и јакнење на комуникациски вештини, како и Аудио визуелна дирекна стимулација на електромагнетни мозочни бранови со помош на Mind World Super Exclusive апаратура која овозможува побрза релаксација, подобрување на расположението, справување со несоница, како и јакнење на фокус, концентрација и учење, синхронизација на лева и десна мозочна хемисфера.
• Области со специфична корпоративна експертиза -стрес менаџмент, асертивен тренинг на комуникација и преговарање, емотивна интелегенција за јакнење на мотивација и лидерство, решавање на конфликт, како и јакнење на специфични индивидуални лидерски вештини.
• Имплементација на индивидуална и групна стручна програма на психолошки тренинг на спортисти.
• Едукатор и ментор на специјализирана обука на стручен кадар во когнитив-бихејвиор психотерапија
• Покрај тоа што ги задоволив повеќето научни и практични стандарди на мојата професија и понатаму сум активно посветена на континуирано стручно усовршување. Размената на професионално искуство ја правам преку држење на обуки и научно истражувачка работа во земјата и странство.
Интернационален координатор на Асоцијацијата за Когнитивна-бијејвиор Психотерапија во Р. Македонија
Интернационален координатор на Македонската Асоцијација за Психотерапија
Активен член на научниот одбор во Европската Асоцијација за когнитивна-бихејвиор психотерапија

Образование

Акредитација од Британската Асоцијација за Когнитивна Бихејвиор Психотерапија (BABCT) за едукатор и супервизор
Специјализација по психијатрија, Универзитет Св. Кириј и Методиј, Медицински факултет
Магистер и субспец. по когнитив-бихејвиор психотерапија, University of Dundee, Scotland, UK (Chevening scholarship)
Доктор на медицина, Универзитет Св. Кириј и Методиј, Медицински факултет