Вообичаено, сесиите се закажуваат еднаш неделно и секоја сесија трае околу еден час. Кога клиентот ги постигнува посакуваните цели, фреквентноста на сесиите се намалува.
Постојат повеќе аспекти по кои КБТ се разликува од другите видови психотерапија. КБТ ги редуцира психолошките симптоми многу побрзо, на тој начин што се фокусира да им помогне на клиентите да развијат нов мисловен стил и вештини на однесување за да се чувствуваат подобро. КБТ е повеќе клинички истражувана од другите видови на психотерапија. Истражувањата покажуваат дека КБТ е најефективна психотерапија за анксиозни нарушувања (панични напади, специфични фобии, социјална фобија), депресија, хипохондрија, опсесивно компулсивни растројство, нарушувања во исхраната и др.
Третманот е индивидуален и зависи од видот на проблемот, од мотивацијата на клиентот, како и од посветеноста на личноста во третманот да ги спроведува техниките во пракса. Сепак, КБТ е временски пократкотрајна за разлика од другите видови на психотерапии и резултатите се видливи помеѓу 6 и 20 сесија.
КБТ е практичен вид на терапија, која се фокусира на актуелните специфичности на проблемот. Терапевтот го учи клиентот техники и методи на справување со нефункционалните мисли и однесувања кои клиентот ги применува во пракса и во форма на домашни задачи при што настануваат промени во емотивната сфера и функционалноста на личноста. Односот меѓу терапевтот и клиентот е базиран на соработка, а преку редовен мониторинг се следи прогресот на терапијата. КБТ вклучува три основни стратегии 1) идентификација и модификација на проблематичните мисли и верувања 2) идентификација и модификација на нефункционалните однесувања 3) пролонгирано изложување на непријатнитестимулуси за да се намали одбегнувањето.
Online програмот на КБТ го дава истиот ефект како и тет-а-тет психотерапијата. Сесиите се закажуваат однапред на линкот во контакт. Бенефитот е тоа што можете да ја одржувате динамиката на третманот ако патувате или ако престојувате во странство, како и да го скратите времето и трошоците поврзани со доаѓањето во ординацијата.
ВРТ претставува терапија на изложување која го комбинира најдоброто од когнитив бихејвиор терапија и изложување во живо. Функционира на бихејвиор научна основа преку промена на нефункционалното условување кое довело до нерационален страв во ново функционално условување, при што се намалува одбегнувањето и стравот. Јаката страна е дирекно изложување на стресниот стимулус во виртуелна средина при што се предизвикува ист ефект како во реална ситуација. Целта е да се овозможи постепено изложување на стресниот стимулус ( системска десензитација ) за пократко време при што постигнуваме побрз третмански ефект.
Една сесија трае 30 до 45 минути. Психотерапевт го води изложувањето преку компјутерска програма и е во постојана комуникација со клиентот за да му помогне најдобро да се справи so вознемиреноста. Изложувањето во виртуелно реална средина (на пр. авион, висина, лифт, аудиториум и сл.) се прави преку виртуелна маска која го пренесува аудиовизуелниот ефект. Пред ВРТ се прави проценка на проблемот и се остваруваат психотерапевтски сесии на кои клиентот учи техники за справување со стравот.
Сите видови на фобии, и кај деца и возрасни. Најчесто страв од летање, висина, грмотевици, затворен простор (лифт), животни, како и социјална фобија и анксиозност. Истовремено, виртуелните средини на аудиториум ги користиме за јакнење на комуникациски и јавен говор кај бизнисмени, ПР, политичари, спикери, и кај секој кој има потреба за развој на презентерските вештини.
Се користи во третман на несоница, депресија, анксиозност, АДХД, главоболки, рехабилитација после мозочен удар за да овозможи подобра и побрза ефекасност на терапијата.
Стимулацијата се прави во пријатна атмосфера преку аудио-визуелен апарат – Mindworld Spectral Vision SuperExclusive кој содржи 100 програми, специјално дизајнирани да ја комбинираат светлоста, ритамот, тонот и музиката за да се стимулираат електромагнетните бранови во мозокот (алфа, бета, делта, тета) во зависност од ефектот кој сакаме да го постигнеме. Потребни се најмалку десет третмани во тек на 10 дена за да се почувствува ефектот. На пациентот му е доволно само да закаже и да ужива во благодетите на третманот без разговор.
Првиот преглед вклучува проценка на емотивната состојба, процесот на размислување, когнитивно функционирање и однесување на пациентот по пат на разговор, психолошко тестирање, односно преку автоанамнеза и хетероанамнеза. Последователно се изработува извештај кој вклучува психички статус според кој се одредува понатамошниот тек на третманот. Прегледот трае 50 минути. Пожелно е да се донесе медицинска документација од претходните прегледи и лекарства кој ги зема.