Психијатриските услуги вклучуваат правилна дијагноза, третман, рехабилитација и превенција на проблемите кои се поврзани со психичкото (менталното) здравје. Услугите вклучуваат психодијагностика (вклучувајки психолошки тестови) за да се постави точна дијагноза со цел да се пристапи на соодветен индивидуално базиран третман.
Дијагностика и третман на: анксиозни растројства (специфични фобии, панични напади, социјална фобија), депресија, соматоформни растројства (хипохондрија), опсесивно компулсивно растројство, пострауматско стрес растројство, генерализирано анкисозно нарушување, биполарно растројство, сексуални дисфункции и др.