
Како функционира онлајн терапијата?
Онлајн терапијата ( телепсихијатрија, телепсихотерапија) е примена на телекомуникациска технологија за да се овозможи брзо достапна и ефикасна професионална поддршка за ментално здравје-каде и да сте. Ве поврзува со стручното лице (психијатар/когнитив бихејвиор психотерапевт) преку безбеден видео повик, без потреба од физичка посета на Ординацијата. Онлајн терапијата ги следи истите етички и професионални стандарди како и терапијата во живо. Ќе добиете висококвалитетна поддршка прилагодена на вашите потреби - испорачана на начин што одговара на вашата динамика на живот.
Како да започнете?
Процесот е едноставен.
Закажете термин преку емаил или телефон. Сесиите се закажуваат исто како и терапијата во живо.
Клиентот и терапевтот се среќаваат во договореното време, преку безбедна видео платформа, каде што можат да разговараат лице в лице во реално време.
Сигурност и Доверливост
Сесиите се спроведуваат преку онлине платформата Microsoft Teams, а Вашите лични информации и разговори остануваат стриктно доверливи.
Зошто да се одбере онлајн терапија?
Практично: Пристап до терапија од вашиот дом, канцеларија или додека патувате.
Достапно: Идеален за оние со предизвици при мобилност, оддалечени локации или динамичен начин на живот.
Ист квалитет, Поголема флексибилност

Закажете Онлајн сесија кај нашиот доктор или јавете се на
тел + 389 (0) 70 350 798