Психијатрија

services.psychiatry.card1.name

Психијатриските услуги вклучуваат правилна дијагноза, третман, рехабилитација и превенција на проблемите кои се поврзани со психичкото (менталното) здравје. 
Секој пациент претставува специфична индивидуа со посебни генетски, фамилијарни, социјални и медицински вулнерабилности и можни коморбидитети. Затоа нашите услуги вклучуваат:

-Персонализирана психодијагностика: интервју, психијатриска и медицинска анамнеза, дополнителни психолошки тестови, медицински извештај.
- Психијатриската дијагноза ја поставува психијатарот врз основа на спроведената психодијагностика и базирана на клиничката слика и критериуми ( ICD, DSM).
- Целта е да се овозможи точна дијагноза и да се пристапи кон соодветен третман.
- Персонализиран научно докажан третман: фармакотерапија ( терапија со лекови), когнитив бихејвиор психотерапија или комбиниран третман. Целта е да се овозможи адекватен, брз, ефикасен третман прилагоден според индивидуалните посебности на пациентот.
- Дијагностика и третман на: анксиозни растројства (специфични фобии, панични напади, социјална анксиозност), депресија, соматоформни растројства (хипохондрија), опсесивно компулсивно растројство, пострауматско стрес растројство, генерализирано анксиозно нарушување, биполарно растројство, сексуални дисфункции и др.

Фармакотерапија

Фармакотерапија (терапија со лекови) претставува една од главните третмани во лекувањето на менталните нарушувања. Лековите ја регулираат рамнотежата на невротрансмитери (серотонин, допамин, норадреналин, ГАБА, ацетил холин итн.) во мозокот.

Постојат различни видови на психијатриски лекови како на пр. антидепресиви, антипсихотици, анксиолитици, психостабилизатори, стимуланси, ноотропи и др кои делуваат на различни психички симптоми.

Лековите секогаш треба да се ординираат од страна на стручно лице (доктор, психијатар) во зависност од направената дијагностика според меѓународната класификација на болести ( ICD, DSM) и третмански протокол.

Дозирањето и комбинацијата на лекови е индивидуална за што се потребни редовни контроли и следење на ефикасноста на третманот. Прекин на терапијата без консултација со доктор или недостаток на соработка во тек на третманот од страна на пациентот може да доведе до влошување психичката состојбата.

Online Session

Закажете Онлајн сесија кај нашиот доктор или јавете се на
тел + 389 (0) 70 350 798