• Пон-Пет 9.00-17.00 Ристо Шишков 39
              

Кога рацете ви се тресат

Правилното  движење е комплексен систем на контрола во мозокот.   Прекин на било кој дел на овој систем доведува до преслаби, прејаки, некоординирани или неконтролирани движења на одреден дел на телото.

Тремор  е тресењето на еден или повеке делови на телото, кои се карактеризира  со неволеви, ритмични, синусоидални движења,,и е честа појава во клиничката  пракса. Тремор може  да се јави самостојно или како дел  на   друг невролошка болест како што е мултипла склероза, дистонија и невропатија ( оштетување на нервите).

Треморот   може да се јави во мирување или во тек на движењето на одреден дел на телото ( рака, нога, глава), па зато се делат на треморот во  мирување и акциони тремор.

1. Тремор во мирување  се јавува кога дел на телото е релаксирано, во седечка положба  и потполно подржано од гравитација . Се  зголемува  со ментална активност – стрес   и се супримира со волева активност.  Паркинсонова болест ( ПБ) е најчеста причина за тремор во мирување

2. Акциони  тремор – се јавува при волева мускулна контракција , како што е пишување, куцање на машина  , држање на лазичка, или чаша во раката.  Најчеста причина е Есенцијален тремор.

Горенавдените типови на тресењето треба да се дииференцираат од нормална појава на тресењето на раце  кои се именува како Физиолошки тремори е  присатен  кај секој здрав човек под одредени околности.

ОПИС И ИЗГЛЕД на  ТРЕМОРОТ:  Кои се битни елементи  за описот и одредување на типот на тресењето : Деталната  анамнеза и невролошки преглед – кои се круцијални за точна дијагноза и третман на треморот , детален опис на треморот , фамилијарна анамнеза, социјална анамнеза  која вклучува лекови, дроги, алкохол . Потоа  испитувања: компјутеризирана томографија на мозокот ,  Магнетна резонанца на мозокот, електромиографија ( ЕМГ) , електроенцефалографија ( ЕЕГ)  и евоцираните потенцијали  ( ЕП) .

 

ЕСЕНЦИЈАЛЕН ТРЕМОР:е честа појава, ако се изрази со бројки преваленца е 20 пати поголема од треморот кај Паркинсонова болест. Често  се јавува кај повеке членови или генерацији во семејство, вообичаено на една или  двете    раце и тоа кога се во  движење . Може да е придружен и со тресењето на главата  ( да-да  или  не-не тремор) , гласот, труп и нозете  (но НЕ усни, што е типично за паркинсонова болест) . Споро се развива- со години , најчесто почнува кај адолесценти и во 6 декада на животот, еднаква дистрибуција и кај женскиот и кај машкиот пол.  Типично е единствен невролошки знак.  Есенцијален тремор се потенцира  при анксиозност или замор и при крајна положба на циљани покрети  (кога чашата ја приближувата  до устата) . Интересен податок е  дека кај 50% од особи што имаат ова врста на треморот се  намаулва или исзчезнува со конзумација на алкохол

ПАРКИНСОНОВА БОЛЕСТ- тресењето како знак на Паркинсонова болест има следниве карактеристики:

Асиметричен , со успореност на движењета на раце и целото тело, ригидитет и  нестабилност при стоење и одење. Треморот  се јавува во мирување, и се опишува како  броење на пари или  “пилл роллинг” . Освен асиметричност на  раце зафаќа и нозе, усни, вилица, јазикот, но НЕ и главата.

И за на крај:  ако рацете ви се тресаат ,   најважно е диференцирање на есенцијален тремор од паркинсонов тремор  –  јер лекувањето и  прогноза на овие две состојби е сосема различна.