• Пон-Пет 9.00-17.00 Ристо Шишков 39
              

Селекција на кадар

Изборот на соодветни кандидати кои ќе ги задоволат краткорочните и долгорочните потреби и барања на организацијата е процес кој е многу важен за секоја организација.

Доколку потребите и барањата за соодветното работно место во организацијата се совпаѓаат со потребите, аспирациите и желбите на кандидатот, тогаш станува збор за успешна селекција која подразбира задоволни вработени и ефикасно работење на компанијата.

За таа цел, селекцијата на кадар треба да е изведена професионално, поминувајќи низ неколку фази

Фази

• Интервју со пријавените кандидати
• Тестирање на специфични знаења и способности потребни за работното место, како и тестирања за утврдување на карактеристиките на личноста на кандидатот кои се од клучна важност за функционирање во организациски контекст
• Финално интервју каде ќе се направи конечниот избор на најсоодветниот кандидат за потребната работна позиција.

Компанија со вистински избор на вработени си обезбедува сигурен извор за развој на кохезија во тимот и меѓусебна доверба, работа во зона на врвни перформанси и ориентираност кон пораст на компанијата.