Ослободете се од стресот на работното место и во секојдневното живеење. Релаксациони техники кои со секојдневна примена доведуваат до психофизичка релаксација – помалку боледување, повеќе насмевки, поголема мотивираност за работа, поттикнување на креативноста, подобра концентрација, редукција на стрес.
Дизајниран во 3 нивоа Ви овозможува да научите техники кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, а можете да ги применувате секаде.
3 нивоа:
• Релакс во бизнисот – на релаксиран начин до подобри резултати (помалку боледување, повеќе насмевки, поголема мотивираност за работа, поттикнување на креативност, подобра концентрација, редукција на стрес, вознемиреност, депресија и други негативни емоции.
• Релакс во животот – релаксациски техники кои со секојдневна примена доведуваат до психофизичка релаксација и медицински ефект (техники на дишење, изометрична мускулна релаксација, визуелизација, откривање на слаби точки под притисок и сл).
• Mindful моменти – техника која овозможува потполна вклученост во моментот (набљудување на моментот без анализа и критика, отвореност кон сетилата со помалку негативни мисли). Претставува многу моќен момент за само-набљудување и поддршка во процесите на промена.
• Интерактивна работилница за стрес менаџмент во времетраење од 6 часа.