
Единствен центар во Македонија и во регионот кој Ви нуди научно докажан начин на јакнење на презентациски вештини и јавен говор преку спроведување на тренинг со когнитивни-бихејвиор техники и виртуелна реалност терапија. Овој тренинг овозможува квалитетен, професионален, конфиденционален, брз и ефикасен пристап со директно изложување и имплементација на техниките. Со виртуелна реалност терапија постигнуваме директно изложување со цел да се подобри изведбата, да се намали анксиозноста и да имате можност да го доживеете јавниот говор исто како на подиум пред аудиториум. Сето ова е со цел изведбата, т.е јавниот говор да е со поголема сигурност, мотивација и инспирација.
Стравот или вознемиреноста при јавен говор е присутен кај многу луѓе, бидејќи повеќето од работните луѓе во деловна средина зборуваат на состанок, одржуваат формална или неформална презентација, се обраќаат на своите соработници и сл. Сето тоа е дел од јавно обраќање.
Успешноста во јавните настапи е една од виталните менаџерски и комуникациски вештини која треба да ја совладаат и развиваат сите амбициозни менаџери, политичари, поединци кои имаат за цел афирмација и напредување, лична и на компанијата.